За време на вечерашниот собир за поддршка на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ во Ниш избувнал пожар во пределот на тврдина и бедемите, по огнометот организиран во текот на собирот.
Од нишката противпожарна служба во првиот телефонски разговор за Н1 изјавиле дека горело ниско растителство и трева, како и дека пожарот бил брзо изгаснат.
Кога медиумот дополнително се обидел да провери дали пожарот на некој начин е поврзан со огнометот, лицето кое се јавило не сакало да даде информации – ниту за можна поврзаност со факелите, ниту да потврди дека пожарот се случил.
„Јужне вести“ објавија дека на терен била полицијата и дека пожарот бил изгаснат, но оти на местото биле видливи траги од огнот, односно поцрнети делови.
Повеќе медиуми, врз основа на снимки од местото на настанот, ја поврзуваат појавата на огнот со огнометот организиран на тврдината. Сепак, оваа поврзаност засега не е официјално потврдена.
Во меѓувреме, Ниш ТВ, кој известувал за собирот за поддршка на владејачката листа, навел дека вечерашното собирање завршило со „спектакуларен огномет“ кај Нишката тврдина. Во нивниот извештај нема информации за пожар на тврдината.
