Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19, од кои 164 се на територија на Скопје.
Бројот на активни случаи во Скопје изнесува 4215.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.
