17,8 милиони евра за 6-тиот пакет, најголем дел на средствата предвидени за угостителството

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

17.8 милиони евра тежи шестиот економски пакет со кој ќе се помогнат околу 10 илјади компании и околу 60 илјади работници. Од овие средства ќе добијат 12 економски категории соопшти вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи. Угостителите ќе добијат најголем дел од ова сума, односно 9.9 милиони евра. За овие 21 ден додека се затворени ќе им се покријат 30 отсто од просечните месечна добивка.

Со 2.5 милиони евра ќе се поддржат 1 200 компании од дејностите: приватни одморалишта за деца, ноќните клубови, игротеките, свадбените ресторанти, индустријата на настани, фитнес центрите, фотографите и фото студијата. 1.4 милиони евра ќе одат за категоризираните туристички агенции. 2 милиони евра се предвидени за поддршка на ликвидноста на претпријатијата. 1 милиони евра со 0 отсто каматна стапка ќе одат за радио-телевизиските медиуми. По 30 750 денари ќе добијат музичарите и лиценцираните туристички водичи.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, очекува годинава домашната економија да има растечки тренд, како што е евидентирано до 15 април.

Во шестиот економски пакет исто така се предвидени средства и за обезбедување на 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите кои престојуваат во Северна Македонија на кои ќе им биде потребен ПЦР тест за да се вратат во нивните земји.