173 сообраќајни прекршоци во Скопје – 50 за брзо возење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, а 10 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон, 64 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло, шест санкции за некористење сигурносен појас.  

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.