Во последните 24 часа се регистрирани 18 нови случаи со коронавирус во земјава. И денеска Скопје е со најголем пораст на бројот на заразени лица со коронавирус. Во Скопје во последните 24 часа има 11 нови случаи, Прилеп 4, Куманово 2, Тетово 1. Вкупниот број на територија на РСМ изнесува 219 лица.
Инаку министерот за здравство, Филипче на неговиот Фејсбук профил напипа дека се обезбедени 55 нови респиратори за нашата земја.
„Обезбедени се 55 респираторни машини – 25 од страна на УНОПС, преку средствата обезбедени од Норвешка и 30 преку УНДП од добавувач од Кина за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со коронавирусот“, истакна Венко Филипче
Според градови, најмногу заразени има во Скопје 134, втор град е Дебар со 43, Куманово 17, Штип 8, Прилеп 6, Охрид 3, Велес 3, Кавадарци 2, Тетово 2 и Гостивар 1.
