Пет скенот повторно во функција – ќе се снимаат по девет пациенти дневно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повеќе од еден месец, повторно е ставен во функција единствениот ПЕТ скен со што пациентите веќе ќе можат да ги закажуваат потребните снимања, а се најавува дека ќе се снимаат по девет пациенти дневно. 

Апаратот кој најмногу е потребен за дијагнози за онколошки болни, не работеше поради дефект на циклотронот, системот за производство на радиоизотопи.

Од Министерството за здравство информираа дека ќе бидат обезбедени и дополнителни количини радиоизотоп за да може апаратот да работи и во сабота.

Проблемот со скен апаратот беше откриен при редовен сервис, додека министерот за здравство Сашо Клековски деновиве изјави дека дефектот бил последица од неисправно одржување од страна на добавувачот.