Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2664 тестирања, а регистрирани се 815 нови случаи на ковид-19, додека пак оваа борба ја изгубија 20 лица.
- Осум пациенти од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г)
- Едно лице од Штип (82г)
- Две лица од Прилеп (68 и 72г),
- Едно лице од Струга (78г),
- Две лица од Велес (70 и 65г),
- Едно лице од Битола (84г),
- Едно лице од Кавадарци (68г),
- Два пациенти од Гостивар (64 и 89г),
- Едно лице од Струмица (63г) и
- Еден пациент од Берово (77г).
Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77949, бројката на оздравени пациенти е 53345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22330.
