Мицкоски: Ќе ја спасиме Алта Банка, ќе имаме банка којашто ќе биде сопственик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќе имаме финансиска институција, банка која што ќе биде сопственик на Алта банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид.

„Значи, ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банката. А тоа е лоша вест за нашата опозиција, којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај и така натаму“, истакна Мицкоски.