20 пожарникари и осум возила интервенирале во пожарот кај ТЦ „Мавровка“, целосно изгоре кафулето „Фонтана“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во пожар ноќеска целосно изгоре кафулето „Фонтана“ во трговскиот центар „Мавровка“.

Пожарот бил пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 01:30 часот, а пожарот е целосно изгаснат во 05:00 часот.

Командантот на ТППЕ Владимир Симоновски утринава за МИА изјави дека интервенирале со 20 пожарникари и осум возила.

Причините за пожарот засега не се познати.