„200-300 евра можам да ти продадам, повеќе не“ НВРМ: Не е точно дека на пазарот нема девизи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Имате ли евра сега ако сакаме да купиме ?
Ако купиш 200-300 евра можам да ти продадам, ако бараш повеќе не.
Немате или ги штедите?
Ги чуваме зошто не знаеме што ќе се случи, може банката ќе го покачи еврото и ние се плашиме не знаеме што ќе се случува.“

Покачено е еврото, бидејќи луѓето прават паника. Имаме слушнато дека уште ќе се покачува, значи ќе паѓа денарот и чекаме 62,50 да го продаваме. Сега колку е ? 62. 61,5, 61, 7 го земаме 62 го продаваме.

Јас лично ја кривам банката. Они треба да пуштат евра, а даваат само денари. Ви се случило да нема евра? Пред една недела немаше евра. Сега почнаа луѓето да се трошат да продаваат евра и така ги собираме по малку.

Ја контактиравме и Асоцијацијата на банкарски сојуз, но сè уште немаме одговор дали и зошто, како што би рекол нашиот соговорник „сопственик на менувачница се пуштаат само денари“. Но, не сите ги фаќа паника за претворање денари во евра.

„Нема што да менувам во оваа немаштија. Секако дека ќе девалвира денарот и девалвиран е. Секој ден има нови курсни листи. Немаме стабилна валута ние во Македонија. Ништо не менува тоа што денеска денарите ќе ги претвориш во евра, кога утре пак ќе треба да ги смениш. Тоа за поголемите компании е поголема загуба. Тие што работат со милиони. Ние што менуваме по 50 евра, по 100 евра ништо не менува“, вели граѓанин.

Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за МИА вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации.


Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неосновна паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, нагласува гувернерката.

Народната банка стои зад тоа дека денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи.