200 интервенции повеќе отколку во 2023 година – тетовските пожарникари апелираат да се чистат оџаците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетовските пожарникари минатата година имале 200 интервенции повеќе од 2023 година. Во просек интервенирале по три пати на ден. Командирот на единицата причините ги гледа во поплавите кои зачестија во полошкиот регион, а зголемен е и бројот на несреќи.

„Годинава имаме рекорден број интервенции, 984 до денес, ова е година кога имавме две поплави и пожарникарите интервенираат и во овие случаи. Ова е завршеток на една многу тешка година со многу интервенции и засега ја отворивме и дисперзијата во општина Желино. Ако ги броиме претходните години имаме плус 200 интервенции, ако броиме некои работи имаме суша во Македонија и имаме неколку случаи на поплави“, порача Авни Ахмети.

Проблем во Полог остануваат неисчистените оџаците, поради што често доаѓа до пожар. Амети апелира до граѓаните сончевите денови да ги искористат за чистење на оџаците.

„Од почетокот на греењето во Тетово и околината имаме десетици случаи на интервенција во случаи со оџаци, а апелираме и до вас и ви благодариме и вам медиумите што не поддржавте да ги упатиме овие апели, да ги искористиме овие сончеви денови и последниот случај е во близина на стадионот, оџакот беше зафатен од пожар и во зградата мораа да интервенираат пожарникарите“, вели Авни Ахмети.

Тетовските пожарникари апелираат да не се гори отпадот, бидејќи тие се главните причини за брзото затнување на оџакот. Потсетуваат дека годинава во Тетово од пожар беа зафатени и неколку фабрики и магацини, за чие гаснење беше потребно да се интервенира со авион од Дирекцијата за заштита и спасување.