„200 милиони евра во третиот економски пакет“, најави Бектеши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Крешник Бектеши, министерот за економија во “10МИНУТИ“ на ТВ21 рече дека во третиот пакет на економски мерки предвидува 200 милиони евра.

Како тоа ќе изгледа, објасни министерот:

„Убеден сум дека ќе надминеме 200 милиони евра во Третиот пакет на Владата за економска помош“, најави Бектеши.

Тој рече дека треба да се има во предвид и фискалните можности после ребалансот на буџетот кој се очекува во следните денови.

Бектеши истакна дека овој пакет би требало да биде презентиран на почетокот на идната недела, а претходно се консултираат и со Стопанските комори, синдикатите и Економскиот совет кој е формиран токму за справување со можните ризици во економијата како последица од коронакризата.