Глобалното затоплување не погодува сите, но тоа особено се чувствува во земјоделството, порача во своето излагање европратеникот Вајц. Тој се задржа и на топлотниот брат кој и оваа година не погоди, но како што истакна тоа особено се почувствува во европските земји Тој истакна дека најголем предизвикувач на климатските промени се емисиите на јаглерод диоксид кои одамна се надминати. За Македонија изрази големо воодушевување од природните убавини при што истакна дека Македонија треба да се насочи кон развој на природниот туризам како економска можност за населението.
-Северна Македонија е една од најубавите земји што ги имам посетено. Сум бил да планинарам на Пелистер на Галичица, сум бил во Маврово. Ви честитам дека имате три државни национални паркови на Шара. Колку луѓе знаат за тоа? Рекламирајте се. Покажете му на светот какви убавини имате, изјави европратеникот Томас Вајс.
Вајц упати на потребата да се работи на управување на отпадните води, депонии, загадувањето на воздухот што е проблем не само во Македонија туку и во многу други земји. Сепак се осврна на отворањето рудници како голема опасност за загадувањето на животната средина.
-Апелирам да не губите повеќе одошто добивате. Во рударството парите не се во копањето, туку во преработката, во производството таму се парите. Рударските фирми обично се многу големи мултинационални фирми. Колку пари ќе останат во земјата, а која цена ќе ја плати земјата за тоа. Дали здравствените трошоци од загадена река се можеби повисоки од приходите, изјави европратеникот Томас Вајс.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Арсова во своето излагање го потенцираше напредокот на усогласувањето на законодавството на земјава со европското во однос на климатското управување, мониторингот, заштитата на природата и зајакнување на институционалните капацитети.
