2021 година ќе донесе нов проблем со ковид-19 – „Штип, Гостивар, Тетово ризични, граѓаните не ги почитуваат мерките“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Добро почнавме, но последниве три месеци непочитувањето на мерките ни се врати како бумеранг, вака епидемиологот Караџовски ја опишува моменталната состојба со коронавирусот во земјава.

„Имаме зголемен број на заболени во државата и тоа е непобитен факт имаме и поголем број на починати лица, но состојбата не е алармантна“, Жарко Караџовски.

Високите температури требаше да го ослабат вирусот, но тоа не се случи. Караџовски вели дека станува збор за тешка шпекулација.

„Ризикот за сите е поеднаков вирусот не ослабна во летниот период, тоа беше тешка шпекулација во која народот, летен период се отворивме во државата и сега ќе живееме по слободно. Ние треба да научиме со и околу вирусот и дека секојдневно ќе имаме позитивни тоа да биде прифатливо за да може здравствениот систем да издржи во своите напори“, посочи Жарко Караџовски.

Комисијата за заразни болести ја следи состојбата и досега се одржани 120 седници. Имаат разработени црно, но и розево како што велат тие сценарио за развој на вирусот.

„Она што ме загрижува е едно континуирано, не почитување на мерките од страна на населението. Економскиот крах на државата би значел и значел и крах на здравствениот сектор. Ние немаме нови здравствени работници, ние сме тие кои работиме без одмор и за викенд функционираме така како што е“, додава Жарко Караџовски.

Во моментов ризични региони во Скопје, Штип и градовите од полошкиот регион. Докторите гневни кон организаторите на големи собир за кои велат дека воопшто не дале зелено светло.

„Мене ме загрижува, разочаран сум од односот на нашите луѓе во охридскиот регион, плажите, хотелите, заедничките забави, дружења, организирање на настани за кои ние не сме дале воопшто пас дека може да се организира. Сите мислам дека доволно е тоа што некој рекол дека може, па тоа се злоупотребува, клучно за мене е зошто тие не се казнуваат“, изјави Караџовски.

Почетокот на есента ќе биде особен предизвик, но истовремено и тешкотија со која ќе треба да се справи Министерството за здравство. Покрај коронавирусот, ќе започнат и останатите респираторни заболувања.

„За новогодишните и божиќните празници ќе ни се случи втор бран во кој со сигурност ќе имаме зголемен капацитет на хоспитализација на болни, ќе се комплицира работата бидејќи ние знаме дека 20% од сегашните капацитети ќе бидат пополнети, со заразни болести од групата респираторни вирусот, а тоа пред се е инфлуенца“, вели Караџовски.

Решението за овој нов проблем веќе се подготвува. Планирано е поставување на нови 16 контејнер систем болница, каква што веќе има поставено на Инфективната клиника во Скопје.

„Бидејќи се спремаме за по тешко сценарио од ова, со што ние имаме опција да направиме уште три или четири институции во кои ќе може да се прави дијагностика, од сегашните 11 планираме 3 нови со што ќе добиеме 200-300 брисеви дневно, со тоа на дневно ниво ќе го зголемиме бројот од 1500 на 2000“, посочи Жарко Караџовски.

Од Министерството за здравство додаваат дека нема ниту една друга мерка за заштита од вирусот која се применува во други земји, а не е имплементирана кај нас.