2026 година – меѓу најтоплите во историјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа година би можела да биде четврта по ред најтопла во историјата, предупредува извештај на Светската метеоролошка организација.

Просечната глобална температура се зголемила за 1,47 степени Целзиусови над прединдустриското ниво. Овој тренд потврдува дека периодот од 2023 година наваму ги опфаќа четирите најтопли години откако започнале мерењата во 1850 година.

Рекордот за најтопла година сè уште го држи 2024 година.

Затоплувањето предизвикано од стакленичките гасови оваа година дополнително е засилено и од природниот феномен „Ел Нињо“.

Се очекува најголемото влијание на овој феномен да се почувствува следната година, што би можело да донесе нов температурен рекорд во текот на 2027 година.

Последиците остануваат разорни ширум светот, со десетици илјади жртви од високите температури во Европа, тешки суши, рекордно топење на глечерите и пораст на нивото на морињата.

Соочени со оваа критична реалност, светските лидери и преговарачи се собираат на климатскиот самит во Турција за да разговараат за итни мерки за приспособување кон климатските промени.