219 казни при сообраќајна контрола во Скопје – 66 мотоциклисти без кацига, еден возач фатен пијан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопската полиција вчера спроведе засилена контрола во сообраќајот, која се одвиваше од 16:00 часот до полноќ. За време на контролата беа изречени вкупно 219 прекршочни мерки.

Најголем број од прекршоците, 66 случаи, се однесуваа на управување со мотоцикл без заштитна кацига. Исто така беа евидентирани 6 случаи на управување возило со несоодветна категорија, 15 случаи на управување мопед без возачка дозвола и еден случај на управување нерегистриран мотоцикл.

Полицијата изрече и две мерки за непочитување на сообраќаен знак за забрана, додека 129 други мерки се однесуваа на различни прекршоци, како што се немање возачка или сообраќајна дозвола, недостиг на регистарски таблички, непредност на возила или пешаци и други сообраќајни прекршоци.

Едно лице било фатено како управува мопед со 1,9 промили алкохол во крвта. Неговото возило е конфискувано од полицијата.