Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на коронавирус од кој само во Скопје се 230.
Активни случаи по општини во Скопје денеска:
- Аеродром – 869
- Карпош – 741
- Центар – 668
- Гази Баба – 650
- Кисела Вода – 649
- Ѓорче Петров – 402
- Чаир – 275
- Бутел – 266
- Илинден – 121
- Шуто Оризари – 53
- Сопиште – 43
- Сарај – 38
- Петровец –38
- Чучер Сандево – 28
- Студеничани – 21
- Зелениково -16
- Арачиново -10
Во моментов нераспределени има 109, додека пак странци се 45.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.
