24 лица ја загубија битката со коронавирусот, шестмина на возраст од 40 до 48 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство денеска регистрираше 24 починати лица, од кои дури шест се на возраст од 40 до 48 години.

Најмладиот пациент кој ја загуби битката со Ковид-19, е 40-годишен пациент од Македонски Брод. Две лица од Кочани и од Тетово се по 41 година, еден од Прилеп на 45 години. Починатиот пациент од Крива Паланка има 47 години, и од Битола на 48 годишна возраст.

„Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.“, се вели во извештајот на Министерството за здравство.

Со овие 24, бројката на починати од почетокот на пандемијата надмина 1.500, односно инесува 1.511.