24 мај денот на Св. Кирил и Методиј, Ахмети со честитка на македонски јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонците и словенскиот народ денеска го слават денот на Св. Кирил и Методиј, познати како словенски просветители, основачи на првата азбука на словенски јазик.

За 24 мај честитки упати највисокиот државен врв. Претседателот Пендаровски посака овој празник да се слави со многу среќа, радост и љубов.

Честитки пристигнаа и од Владата. Според нив, овој празник се слави повеќе од век и пол.

„На овој празник оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј, на нивната непроценлива хуманистичка и космополитска мисија. 24 Мај е голем ден, кој се одбележува и слави повеќе од век и половина во словенскиот свет како ден на културата и просветата.“, стои во соопштението од Владата.

Денот на Св. Кирил и Методиј го честиташе и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Зборувајќи за прв пат на македонски јазик, Ахмети посака духот на мултиетничкото општество сите заедно повеќе да го зачуваме и унапредуваме.

Согласно законот за празници во Македонија 24 мај – денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, е државен празник и неработен ден за сите граѓани.