240 училишта добиле е-мејл за лажни дојави – директорот на БЈБ: Безбедносната ситуација е стабилна!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово во речиси сите училишта во Тетово беше прекината наставата.
И овде, како во 240 училишта низ цела Македонија, пристигнале емаил пораки со пријава за лажна бомба.

Од утринските часови речиси сите основни и средни училишта имаа дојава за бомба преку електронска пошта. Веднаш, директорите на училиштата ги известиле органите на редот за заканата со бомба, а органите на редот се на терен за да ја утврдат оваа закана.

Во средните училишта ја добиле електронската пошта во 8 часот, по што ги евакуирале учениците и потоа ги известиле надлежните.

-Веднаш штом ја добивме информацијата, го известивме одговорниот за евакуирање врз основа на протоколот со претходни известувања до учениците и ја известивме полицијата, изјави Јетон Камбери, директор на гимназијата во Тетово.

-Нормално беше многу загрижувачки со оглед на големиот број вработени и ученици што ги имаме, а заменик директорот, наставникот и психологот се заложија да ги извлечат учениците и веднаш ги известивме безбедносните органи, изјави Малесоре Рамадани, директор на средно училиште Никола Штејн.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вели дека ваков мејл е испратен до 240 училишта.

Наставата продолжи таму каде што органите на редот утврдија дека има безбедносни услови.