25 години од Oхридскиот договор, Mејдани: Tреба целосно да се спроведе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани, по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, преку објава на социјалните мрежи ја истакна важноста на Договорот за уставниот поредок и европската иднина на земјата.

Мејдани оценува дека Охридскиот договор ги постави темелите за поправедна држава, заснована врз еднаквост, правична застапеност, официјална употреба на јазиците и децентрализација. Тој нагласува дека и по 25 години мисијата останува иста: целосно спроведување на договорот, вклучително и албанскиот јазик, правичната застапеност и функционалната децентрализација.

Амбасадорот нагласува дека Албанија секогаш ќе биде покрај правата на Албанците и покрај суверена, демократска и европска Северна Македонија.