26 години од геноцидот во Сребреница, општина Чаир и бошњачките општини се сеќаваат на жртвите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Босна и Херцеговина денеска се сеќава на крвавиот јули кога се случи масакр во Сребреница, пред 26 години. Во спомен на жртвите, општина Чаир организираше марш од дворот на општината до паркот во Чаир. Ружди Калач, професор и доктор на науки, рече дека овој датум не треба да се заборави никогаш и дека многу малку сме свесни за ужасот кој се случил во Сребреница.

„Кога отидов таму, во ’97, не знаев каде одам, имавме многу малку информации за војната, за тоа што се случува, и имам забелешка до телевизиите бидејќи многу малку ја спомнуваа војната, многу малку се зборуваше за тоа. Зошто? Јас знам, но другите нека протолкуваат.“, вели Калач.

Професорот Калач раскажа еден настан кој се случил додека бил во Сараево.

Тоа што го висов во ’97, со автобус не носеа преку Игман, на еден турнир во бокс на Хаки Турајлиќ, кој беше убиен при транспортот, кој требаше да биде префрлен од едната на другата страна на Сараево, тогаш Србите, УНПРОФОР го убија. Сега во негова чест секоја година се одржува овој меморијален турнир за Хаки Турајлиќ. Сакам да кажам дека овде многу малку знаеме за војната која траеше 5 години“, вели Калач.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу положи свежо цвеќе кај споменикот посветен на Сребреница. Рече дека општината секогаш се залагала за праведно општество и еднакви обврски за сите граѓани во општина Чаир.

Од основањето на општина Чаир до денес, бевме претпазливи да го сочуваме диверзитетот за кого можам да кажам е еден од ретките во земјава. Ги почитувавме и продолжуваме да ги почитуваме сите граѓани кои живеат во нашата општина бидејќи Чаир е симбол на соживотот, мултикултурализмот и диверзитетот“, рече Ганиу.

Се смета дека Сребреница е најголемата катастрофа во Европа по Втората светска војна. Околу 8 илјади мажи муслимани главно Босанци се масакрирани за 11 дена во геноцидот во Сребреница. Нивните тела потоа биле фрлaни во масовни гробници. Тие биле следени од планината и околу Сребреница од страна на српските трупи. Специјалниот суд за воени злосторства на ОН во Хаг и судовите од земјите на Екс Југославија осудија околу 50  Срби од Босна, меѓу кои и нивниот цивилно- воен водач, Радован Караџиќ и неговиот воен командант, Ратко Младиќ со над 700 години затвор за “Злосторствата во Сребреница“.