Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на ковид-19, додека пак оваа борба ја изгубија 26 лица.
- Девет лица од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89г)
- Две лица од Куманово (60 и 46г)
- Едно лице од Штип (61г)
- Три лица од Прилеп (72, 88 и 63г)
- Едно лице од Струга (69г)
- Две лица од Велес (61 и 72г)
- Две лица од Битола (52 и 75г)
- Едно лице од Охрид (84г)
- Едно лице од Гостивар (54г)
- Едно лице од Струмица (71г)
- Едно лице од Берово (79г)
- Едно лице од Делчево (66г)
- Едно лице од Кичево (51г).
Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80896, бројката на оздравени пациенти е 58182, на починати е 2401, а бројот на активни случаи изнесува 20313.
