279 нови случаи на коронавирус во Скопје – бројот на активни случаи се искачи над 10.000

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, регистрирани се 820 нови случаи на коронавирус, додека пак бројката на новозаразени на територија на Скопје е 279.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје има 26.877 заразени лица, а бројот на активни случаи изнесува 10.150.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Гази Баба – 1520
  • Аеродром -1461
  • Кисела Вода – 1250
  • Карпош – 1191
  • Центар – 1103
  • Ѓорче Петров – 878
  • Чаир – 634
  • Бутел – 603
  • Илинден – 270
  • Шуто Оризари – 200
  • Сарај – 171
  • Петровец –140
  • Чучер Сандево – 104
  • Зелениково -83
  • Сопиште – 59
  • Студеничани – 54
  • Арачиново -33

Засега нераспределени се 182, додека пак странци позитивни на коронавирус се 214.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.543, бројката на оздравени пациенти е 38.400 на починати е 1.731, а бројот на активни случаи изнесува 21.412

Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19.