28 лица не го почитувале полицискиот час – 104 санкционирани поради неносење на заштитна маска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово од 00:00 часот до 04:00 часот констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од МВР, пак, информираат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 104 прекршоци.