Шкендија го продолжува европскиот сон. Црвено-црните го совладаа НК Браво со 3:1 во Тетово и со вкупен резултат од 4:3 обезбедија пласман во третото квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига.
По поразот од 2:1 на првиот натпревар, Шкендија успеа да направи пресврт пред своите навивачи. Автоголот на Јован Манев, погодокот на Криезиу и голот на Ѓорѓиевски во 88. минута ја запечатија големата победа на тетовскиот тим.
Шкендија сега е само на две рунди од пласман во лигашката фаза на Конференциската лига, а својот следен противник ќе го дознае по ждрепката.
