3.000 евра казна за лицата кои крадат бел песок од плажите на Сардинија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десетици луѓе се казнети со парични казни високи до 3.000 евра поради земање на бел песок и школки од плажите на убавиот италијански остров Сардинија.

Според италијанските власти, 41 лице е обвинето за кражба на околу 100 килограми песок и школки од плажите, пренесува Би-Би-Си.

Познатиот бел песок од Сардинија е високо ценет на островот и е забрането да се зема, додека пак продажбата на овој песок и школки е нелегална од 2017 година.

Туристите, претежно Европејци, но и Италијанците, продаваат бел песок во шишиња преку Интернет како сувенир.

Во истрагата се вклучени армијата и царинската полиција. Тамошната полиција само оваа година собрала казни од 13.000 евра. Запленетите предмети се вратени на плажите.