Со отворањето на депонијата „Русино“ и формирањето на Претпријатието „Русино Полог“, општините од Полошкиот регион го решија проблемот со фрлањето отпад, но три од девет општини кои отпадот го носат во оваа депонија, имаат долг кон претпријатието.
„Ако општините Гостивар, Јегуновце и Желино не го подмират долгот што го имаат кон Претпријатието „Русино“, оваа депонија многу брзо ќе се затвори за деветте општини од Полошкиот регион“, вели репортерот на ТВ21.
Според директорот, ова претпријатие нема доволно пари за платите на работниците, а долгот кој го имаат општините изнесува 3 милиони денари.
„Ова е тимска работа и е меѓуопштинско претпријатие. Тука се важни сите девет општини и ако 2-3 не продолжат да ги плаќаат нивните обврски, тогаш не се ризикува спуштањето на рампа само за нив, туку за сите општини, и за оние кои плаќаат. Ние немаме средства за да го одржуваме. Депонијата многу брзо ќе биде полна со отпад и ќе треба да ги затвориме вратите, бидејќи нема да имаме место каде да го складираме отпадот“, вели Бесим Догани.
Проблем сам по себе е плаќањето кое го прават општините и претпријатијата за отпадот. Сега за сега за еден тон отпад се плаќа 310 денари. Оваа сума според директорот Догани е многу мала, па поради тоа побарал зголемување на цената.
„На последната средба им предложив на градоначалниците да се зголеми цената по тон фрлен отпад. Ова не беше усвоено, но остана како прашање да се дискутира понатаму. А, од друга страна, остана да се изнајдат други начини за овие трошоци“, вели Бесим Догани.
Но, што мислат градоначалниците во однос на цената?
„Во моментов останува одлуката – цената за отпадот со кој менаџираат комуналните претпријатија да биде 2.5 евра годинава, а од следната 5 евра по тон“, вели Биљал Касами.
„На последната средба разговаравме малку да се зголеми цената за тон отпад во Русино и ќе се зголеми. Не беше одредена конечната цена, но едногласно беше одлучено да има покачување“, посочи Блерим Сејдиу.
Од 5 евра колку се плаќа за тон отпад, општините плаќаат 2,5 евра, додека другата половина ја покриваат компаниите кои го фрлаат. Цената од пет евра за тон отпад е најниска во регионот, причина поради која претпријатието не може да функционира нормално.
