3 пожари низ Македонија, нема активни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 20.09.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои нема активни пожари, под контрола е 1 пожар, а изгаснати се 2 пожари.

Активни: Нема.

Под контрола: 1
Општини Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (општина Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.

Изгаснати: 2
Општина Липково: с. Оризаре – стрниште.
Општина Желино: с. Групчин – ѓубриште.