Приложил фалсификувани документи со кои се претставил како итaлијански државјанин: Уапсен 38-годишен маж на граничниот премин „Ќафасан“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 18.09.2026 година, на граничниот премин „Ќафасан“, бил приведен Ф.Ш.(38), кој при гранична контрола приложил фалсификувани документи со кои се претставил како италијански државјанин, сооопшти МВР.

„Околу 17:30 часот, при излез од Македонија со патничко моторно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, од страна на полициски службеници била извршена гранична контрола, при што било констатирано дека лицето приложило фалсификувани документи – патна исправа, возачка дозвола и лична карта“, се вели во соопштението.

По консултација со јавен обвинител, против лицето е поднесена кривична пријава по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување исправа“.