30-дневна кризна состојба во цела држава – Ангелов: Заврши времето кога кршев ќерамиди со глава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Погледнете ги фотографиите од првиот снежен натпревар во сезоната на ХНЛ

СЛАВЕН БЕЛУПО оствари голема победа (0: 1) на гостувањето кај Горица во преостанатиот натпревар од 11. коло....

СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика...

Загреб зафатен од снежни врнежи (видео)

Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји.  Загреб е затрупан...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спомениците на хероите, Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во која посочи дека неговиот став кон дислоцирање...

Милошоски: Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

„Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава“.

Со ваква порака директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го започна своето обраќање на Фејсбук, известувајќи дека раководи со кризната состојба во земјава предизвикана од Ковид-19.

До ова дојде, откако Советот за безбедност предложи, а Владата усвои. 30 дена земјава ќе се наоѓа во кризна состојба, поради коронавирус. Со тоа, досегашниот кризен штаб се заменува со управувачки комитет.

„Јас ќе го свикам главниот штаб и веднаш ќе изработиме акциски план. Тоа не значи дека ќе измислиме топла вода. Постојат акциски план, ќе земеме некој од претходните, знаете дека во Дебар имаше локален акциски план за општина Дебар, ќе го прилагодиме и нормално дека планот нема да биде совршен, планот ќе се менува во движење како што ќе налага потребата.“, рече Ангелов.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски вели дека според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.

„Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на Ковид 19 и се крајно исцрпени.“, рече Пендаровски.

Прогласувањето на кризна состојба, не значи и рестрикции во движењето, односно прогласување на полициски час. За оваа мерка предлог треба да даде Комисијата за заразни болести.

Кризната состојба и дава право на Владата да менаџира и со праватните компании. Во моментов најпотребни се приватните болнички капацитети и персонал.

Кризна или вонредна состојба и двете предвидуваат генерално исти мерки, кои би значеле построга контрола и поголеми забрани за граѓаните.

Мерките се речиси исти, но една прави клучна разлика. А тоа е прогласувањето. Кризна состојба се прогласува лесно преку Влада, а за вонредна потребно е 2/3 мнозинство во Собранието, кое во овие моменти е тешко да се собере. Доколку пак Собранието е распуштено или нефункционално, тогаш вонредна состојба може да прогласи и претседателот на државата, што беше случај на почетокот од годинава.Најверојатно утре Владата ќе излезе со предлог понуда до приватните болници , како истите и под кои услови би биле дел од здрваствениот систем во земјава , а во функција на справување со Ковид 19 .