30 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19.

Пријавени се вкупно 30 починати лица на возраст од 50 – 84 години:

  • Осум пациенти од Скопје
  • Шест пациенти од Прилеп
  • Три пациенти од Битола
  • Три пациенти од Охрид
  • Два пациенти од Кочани
  • Два пациенти од Демир Капија
  • Едно починато лице од Куманово
  • Едно починато лице од Тетово
  • Едно починато лице од Велес
  • Едно починато лице од Струга
  • Едно починато лице од Неготино
  • Едно починато лице од Радовиш.

Сите пријавени се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.