31% Албанци заедно со непопишаните, етничката припадност на 132 илјади лица, не може да се напише без да се изјаснат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пописот 2021 покажа дека во Северна Македонија има вкупно 29,5% Албанците, од кои 24,3% живеат во земјава, а останатиот дел во дијаспора. Но, заменикот-директор на Државниот завод за статистика, Иљми Селами во „Клик Плус“ изјави дека заедно со граѓаните кои не се попишани, Албанците достигнуваат до 31%.


-Реалноста е дека во Македонија има над 31% Албанци, вели Селами.

Вкупно 132.260 граѓани не се попишани, но фигурираат како бројка земена од административни извори. Се знае нивното место на живеење, возраста и полот, но не и етничката и верската припадност, бидејќи не се изјасниле самите. Според Селами ,со бројката може да се калкулира приближно:


-Јас направив свои симулации. Можам да кажам бројки, од 132 илјади колку се Македонци, колку Албанци….. но, тоа е како што би рекол народот „по мое“, вели Селами.
ТВ21: И „по твое“ колку се од тие 132 илјади?
-Не би сакал…Само ќе речам дека 132 илјади го отсликува моменталниот процент на резиденти. На пример, ако 54% се Македонци, 54% од овие 132 илјади се Македонци, ако 30% се Албанци, 30% од овие 132 илјади се Албанци. Доколку се вметнат и овие податоци и се одреди етничката припадност, јазикот и др… ќе излезе дека Албанците се над 31%, рече Селами.

132.260 жители се околу 40 домаќинства кои кога попишувачите им тропнале на врата или не биле дома или не ја отворале вратата, објаснува заменикот-директор на ДЗС, Селами. Најмногу непопишани има во Скопје, Куманово, Струмица, Чаир, Карпош, Аеродром, Битола, Кисела Вода, Гази Баба, Центар и др…


ЛИЦА ЗА КОИ ПОДАТОЦИ СЕ ЗЕМЕНИ ОД АДМИНИСТРАТИВНИ ИЗВОРИ
Скопје – 44,175
Куманово – 7616
Струмица – 6480
Чаир – 6226
Карпош – 5348
Аеродром -5248
Битола – 5505
Кисела Вода- 5439

Гази Баба – 5002
Општина Центар – 5013
Прилеп – 4959
Шуто Оризаре- 4485
Тетово – 4368
Штип – 4385
Охрид – 4228
Велес – 4718
Струга – 3530
Гостивар – 3409
Бутел – 2653
Кавадарци – 2428
Радовиш – 2431
Кичево – 2405

На Пописот што се спроведе минатата година, освен 132.260 граѓани кои што се административно попишани, има и 17.990 кои не спомнале етничка припадност, 450 одбиле да се изјаснат, а 472 се регистрирани во графата „непознато“.