31-годишен жител на Дебар загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на градот Кулмбах во државата Баварија настрадал жител на Дебар, кој работел во Германија.

Според тамошните медиуми, несреќата се случила откако автомобилот марка „мерцедес“ со којшто управувал 31-годишниот О.И.(31) се судрил со камион и од здобиените повреди починал на самото место на несреќата. Тие додаваат дека момчето во Германија работело како  мајстор за прозорци и покриви во позната германска фирма.

Јавноста во Дебар со неверување ја прими веста за смртта на момчето, за кое имаат само пофални зборови.

Имено, пред неколку месеци во тешка сообраќајна несреќа во Германија загина и 21-годишно момче исто така од Дебар.