Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на ковид-19. Оваа борба ја изгубија 33 лица.
- Починати се девет пациенти од Скопје (62, 62, 63, 67, 79, 66, 74, 81 и 68 години)
- Починато едно лице од Куманово (70 години)
- Починато едно лице од Штип (89 години)
- Починати шест пациенти од Прилеп (43, 78, 70, 82, 60 и 85 години)
- Починато едно лице од Тетово (72 години)
- Починати четири лица од Струга (60, 71, 65 и 79 години)
- Починато едно лице од Велес (71 година)
- Починато едно лице од Битола (55 години)
- Починато едно лице од Гостивар (76 години)
- Починато едно лице од Гевгелија (53 години)
- Починато едно лице од Струмица (73 години)
- Починато едно лице од Крива Паланка (62 години)
- Починато едно лице од Пробиштип (70)
- Починати две лица од Берово (88 и 63 години)
- Починато едно лице од Кратово (71 години)
- Починато едно лице од Кичево (67 години)
Од нив едно лице е починато вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63.890, бројката на оздравени пациенти е 40.977, на починати е 1.825, а бројот на активни случаи изнесува 21.088.
Досега во земјата се направени вкупно 337.862 тестирања на Ковид -19.