Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2827 тестирања, а регистрирани се 883 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 345.
Од почетокот на пандемијата досега во Скопје се регистирани 33.313 случаи на коронавирус, додека пак моментално активни се 11.713.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.134, бројката на оздравени пациенти е 52.949, на починати е 2254, а бројот на активни случаи изнесува 21.931.
