Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески оценува дека состојбата што ја затекнал во Јавното обвинителство е полоша од она што го очекувал пред преземањето на функцијата. Тој во ексклузивно интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 открива со какви предизвици се соочил и каква е реалната состојба во институцијата.
„Знаев дека состојбата не е идеална, но тоа што го затекнав беше полошо од очекуваното“, вели Савески.
Во интервјуто тој зборува за проблемите и слабостите во обвинителскиот систем, предизвиците со кои се соочува институцијата, како и за промените што смета дека се неопходни за подобрување на нејзиното функционирање.
Меѓу клучните прашања се и потребата од зајакнување на капацитетите на обвинителството, подобрување на ефикасноста и враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Савески ќе одговори и на прашањата за тоа што конкретно затекнал по преземањето на функцијата, кои проблеми бараат итно решавање и како планира да пристапи кон нивното надминување.
Ексклузивното интервју со државниот јавен обвинител Ненад Савески ќе се емитува вечерва, четврток, во 21:30 часот, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
