Дојде во седиштето на ДУИ во Чаир за да изрази загриженост за ширењето на коронавирус во Сарај. Градоначалникот на општината Блерим Беџети, рече дека бројот на случаите на коронавирус се искачил на 41, а поголемиот дел од заразените се членови на 4 семејства од Сарај.
-Информациите кои ги имам велат дека доброто во овој број, кој не е мал, е тоа што случаите се од неколку семејства. Бројот на случаите расте, но добро е што не се проширени во повеќе семјества. Најголемиот број од случаите или половина од заразените доаѓаат од 4 семејства, каде речиси сите се заразени-вели Беџети.
Беџети изразува целосна поддршка за тоа Сарај да биде ставен во карантин, ако експертите проценат дека така е најдобро за здравјето на граѓаните. Истовремено бара од Министерството за здравство да ги зголеми тестињата во Сарај, дури до 700 на ден, повикувајќи жителите да ги избегнат семејните посети и да ги почитуваат мерките.
-Се разбира ќе прифатиме сѐ што е важно за здравјето на секој од нас и што е во интерес на сите жители на Сарај и Скопје.-рече Беџети.
Инаку, во последните 24 час во земјата се регистрирани 35 нови случаи на коронавирус, а битката со вирусот ја загубија 5 лица. Во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје е регистрирано и бебето од Скопје, кое на барање на родителите било пренесено со авион во Швајцарија, каде и починала. Од новозаразените, 22 се од Скопје, 6 од Тетово, 4 од Куманово и по 1 од Гостивар, Струга и Штип.Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека доколку продолжи овој тренд на пораст, ќе побара карантин за неколку општини и ќе ги врати рестриктивните мерки за граѓаните.
Вкупниот број на дијагностицирани пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата е 2.164, оздравеле 1.535, починале 131 пациент, а во моментов Македонија брои 498 активни случаи.
