Околу 350 ученици кои учат во општина Чаир, немаат паметни смарт апарати за да следат онлајн настава. Компанијата Еколог донираше 100 таблети за овие ученици. Општина Чаир е во комуникација со претприемачите за да обезбеди и други таблети за да им се овозможи на сите ученици да следат онлајн настава.
-Ќе бидеме многу внимателни за да најдеме формула што побрзо да стигнеме да ги донесеме таблетите во нашата општина. Но исто така бараме помош од нашите сограѓани кои можат да придонесат во тој правец. Средствата кои ги имаат дома а не ги користат да ги донираат кај нас а потоа ние ќе им ги дадеме на учениците.-рече градоначалникот Ганиу.
И за Град Скопје беа донирани 100 таблети. На прашањето колку деца моментално не се во можност да следат онлајн настава, градоначалникот, Петре Шилегов, рече дека се уште се подготвува дата базата на социјално загрозените семејства.
-Во соработка сме од минатата недела со министерството за социјална работа ги добиваме списоците на социјално загрозените семејства и учениците кои што потекнуваат од таму и полека се прави дата база да со цел овие електронски помагала да стасаат во вистинските раце.-изјави Шилегов.
Поради пандемијата Ковид-19 многу ученици останаа надвор од наставниот процес поради недостиг на технолошка опрема. Во врска со ова компанијата Еколог проектираше донации за да им излезе на пресрет на тие кои имаат потреба.
