Полицијата во Тетово расветли два одделни случаи на кражби, при што на 17 септември биле лишени од слобода две лица осомничени за сторени кривични дела „тешка кражба“.
Во 12 часот во село Порој, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К. (27) од село Порој. Тој се сомничи дека во текот на ноќта меѓу 15 и 16 септември, со употреба на сила влегол во продажен објект во Тетово, сопственост на И.О. (52), од каде што одзел пари и повеќе производи.
Во 14:50 часот, во Тетово, полицијата го лишила од слобода и А.Ц. (19) од Тетово. Според пријавеното, Ш.А. (55) од Тетово пријавила дека А.Ц. со закана од нејзиниот малолетен син одзел пари.
Двете лица се задржани во полициска станица. По целосното документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
