Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. T=31°C. P=980hPa. U=25%. V=2m/s. UV index=6.
Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температура ќе опадне за неколку степени.
