Жешкиот бран денеска ги зафати речиси сите делови од Македонија, а според официјалните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови температурите на повеќе места надминаа 35 степени.
Највисока температура од 37,9 степени Целзиусови е измерена во Демир Капија и Гевгелија во 14 часот, односно 12 часот по UTC. Веднаш зад нив е Велес, каде се измерени 37,8 степени.
Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид, температурата достигна 37,2 степени, додека во Петровец се измерени 36,8 степени.
Високи температури се регистрирани и во други градови низ земјата:
- Струмица: 36,7°C
- Кавадарци: 36,5°C
- Куманово: 35,4°C
- Битола: 35,1°C
- Штип: 34,7°C
- Виница: 34,2°C
- Тетово: 34,1°C
- Тополчани: 33,1°C
- Прилеп: 33,0°C
- Охрид: 32,9°C
- Пожаране: 32,1°C
- Крива Паланка: 31,9°C
- Претор: 30,5°C
- Берово: 30,4°C
Посвежо е во повисоките и планинските предели. Во Ѓуриште се измерени 29,9 степени, во Радовиш Пожар 29,6, а во Крушево 29,5 степени.
Најниска измерена температура во 14 часот има Попова Шапка, каде термометрите покажале 20,6 степени.
За Маврови Анови и Лазарополе нема податоци за температурата измерена во 14 часот.
