38 лекари се грижат за 300 пациенти – психијатриската болница има потреба од персонал и одржување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е психијатриската болница во Скопје.

Има доволно простор, но истиот не се одржува. Запуштен е паркот, клупите сè до старите објекти, а и спортскиот терен е вон употреба. Денеска директорот Ќамил Ковачи, заедно со заменик министерот Илир Хасани дојдоа да сечат лента за новиот оддел во оваа болница.

А за тоа колку средства се издвоени за одржување на паркот и спортските терени, зборува директорот на оваа болница.

„Ние се трудиме максимум оваа година, освен овие средства значи имаме направено и инсталација за јавно осветлување на болницата и таму се инвестирани околу 5 милиони денари, така што ние правиме максимум“, истакна Ќамил Ковачи.

Според директорот на оваа психијатриска болница има недостиг од лекари за грижа на пациентите. Тој вели дека 38 лекари се грижат за 300 пациенти.

-Колку има вработени?

Ќ.К.: 360 во моментот

-Само лекари, без администрација?

Ќ.К.: Не, вкупно.

-Само лекари, колку се?

Ќ.К.: 38

-38 лекари се грижат за 300 пациенти?

Ќ.К.: Да.

Директорот рече дека се во соработка со МОН со цел  да се вработи нов кадар. Во овој нов оддел ќе се третираат пациенти со хронични заболувања, а капацитетот на одделот ќе биде за 40 пациенти. Инвестицијата е на самата болница, а инвестирани се 15 милиони денари за реновирање.