Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19.
На територија на Скопје бројката на новозаразени изнесува 392.
Досега во Скопје има 17.319 случаи на коронавирус, додека пак активни се 7114.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
- Аеродром -1120
- Карпош – 979
- Гази Баба – 970
- Центар – 934
- Кисела Вода – 858
- Ѓорче Петров – 588
- Чаир – 424
- Бутел – 387
- Илинден – 174
- Шуто Оризари – 100
- Петровец –68
- Сарај – 66
- Сопиште – 58
- Чучер Сандево – 48
- Зелениково -38
- Студеничани – 36
- Арачиново -16
Нераспределени има 155, додека пак странци се 95.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39.760, бројката на оздравени пациенти е 23.035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15.589.
