Ова е местото каде ќе се гради првата катна гаража во Чаир, зад поликлиниката Бит пазар и до џамијата Иса Беу.
Проектот е едно од предизборните ветувања на Висар Ганиу со цел да се среди сообраќајниот хаос во оваа општина.
Потребни беа 3 години Владата да донесе одлука со кој се дава зелено светло за изградбата на катната гаража.
На 13 јануари, првиот вицепремиер, Артан Груби преку социјалните медиуми го најави проектот ветен од Ганиу и откривајќи дека Владата ја донела одлуката.
Градоначалникот на Чаир, чија изборна програма се нарекуваше „Договор“’ со граѓаните вели дека за ова не добил известување од Владата, туку неговиот кабинет видел на интернет.
Но, зошто тој не го промовираше проектот туку неговиот сопартиец?
„Се разбира дека усвојувањето на нашето барање во Влада е голем плус бидејќи и Артан е од Чаир и сметам дека сите имаме право да се радуваме на овој проект. Но такво одобрение добивме и од Катастар и ЕВН и Водовод, тие се постапки кои ги добиваме за секоја изградба и нема причини некој да го присвои и да се фали со тој проект“, истакна Висар Ганиу.
Дали е бајрактаризам, кабинетот на Груби на ова гледа како тенденциозна тема. Но според нив не е важно кој го промовираше проектот иако со 3Д презентација проектот за катна гаража го промовираше на неговиот профил првиот вицепремиер.
„Таквите тенденции на слободните толкувања се неточни, првиот вицепремиер и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби ја објави одлуката на Владата на РСМ кој во истата објава го спомна и градоначалникот на Чаир, г. Висар Ганиу“, велат од Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби.
Освен онлајн промоцијата, не се знае од каде ќе се земат парите за изградба на овој проект. Дури, според општина Чаир се уште не се знае од каде ќе се земаат парите за катни гаражи. Според урбанистичкиот план предвидено е гаражата да има четири ката.
Градоначалникот Висар Ганиу за ТВ21 изјави дека доколку немаат средства тогаш ќе одат со јавно-приватно партнерство.
