Четворица пациенти кои се лекуваат надвор од земјава се во критична состојба, а 8 други се очекува оваа недела да се вратат дома.
„Денеска критични се 4 пациенти но да не ги земаме овие бројки како конечни, бидејќи сме во фаза кога пациентите можат да развијат инфекции и во секој момент може да се јават други компликации, но се надевам и посакувам колегите наши надвор од државава да дадат максимум за тие да се вратат дома како што треба без ниедна последица“, вели Арбен Таравари.
За олеснување на процесот на рехабилитација на повредените пациенти кои се наоѓаат во Кочани и Скопје, Таравари вели дека екипа пластични хирурзи ќе биде испратена таму со цел со цел пациентите да избегнат постојано патување во други градови за лекување.
Министерот Таравари соопшти дека денеска од домашните клиники се очекува да излезат 16 пациенти од вкупно 46 кои се на лекување. Во Клиничкиот центар се лекуваат 26 пациенти а по 10 во ГОБ 8 Септември и Св. Наум Охридски, додека во приватните клиники се 8 пациенти. На лекување надвор од земјава се 115 пациенти.
