4200 кинески вакцини, се пријавиле 11.000 граѓани – од утре масовна вакцинација во полошкиот регион

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од утре во Полог ќе почне масовната вакцинација. Во спортската сала на медицинското училиште во Тетово се направени последните подготовки со што 11 илјади граѓани кои се пријавиле за вакцинација ќе бидат вакцинирани. Општина Тетово требало да го подготви амбиентот, а според градоначалничката, Теута Арифи, се е спремно.

„Општина Тетово имаше обврска да го спреми овој амбиент и исто времено да обезбеди технички средства за следење на процесот на регистрација, а процесот на вакцинација ќе го реализираат вработените на Здравствениот дом“, истакна Теута Арифи.

Од Домот за јавно здравје велат дека во прватка пратка се предвидени 4 200 кинески вакцини за овој вакцинален пункт. Како што ќе се одвива вакцинацијата, ќе пристигнува нова пратка со слична количина.

Предвидено е 40 медицински сестри и 10 доктори да работат во две смени, а и еден автомобил на брза помош ќе биде на располагање. За одржување на ред се ангажирани дел од припадниците на СВР Тетово и војници. Дом за јавно здравје и Општина Тетово апелираат да граѓаните кои се пријавиле за вакцинација да го почитуваат нивниот термин.