Пратеничката и професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата. На денешната партиска конвенција, за Давкова гласаа 444 од вкупно 448 делегати на партијата. Немаше друг кандидат. Давкова се изненади од големата поддршка која ја доби, а најави дека ќе собере и 10 илјади потписи од граѓаните. Коментирајќи ги секојдневните изјави на СДСМ дека Македонија нема друг пат освен ЕУ, Слијановска рече дека го знае вистинскиот пат и нема да избира друг пат.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претставувајќи ја кандидатурата на Давкова, упати повик и за поддршка на неговата партија на 8 мај, со цел да се реализира одамнешната желба на партијата, да имаат 61 пратеника.
По конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува и СДСМ да одржи конвенција која е закажена за утре, 3 март, каде ќе ја претстават кандидатурата на Стево Пендаровски, за претседател на државата.
