5 години шумата во Кондово е опустошена – никој не презема ништо за пошумување по пожарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изгледаше шумата во Кондово во 2016 година. Една година потоа, крајниот дел на шумата беше опожарен. И сега, после 4 години, шумата и понатаму е опустошена, без зеленило и дрвја.

„По големиот пожар во Кондово, властите не преземаа ништо за пошумување на ова место“, истакна репортерката на ТВ21.

Оставањето на планината во ваква состојба, освен еколошката штета, претставува ризик и за можни поплави на околната населена зона.

Гоце Георгиевски, од Секторот за рурален развој при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој истовремено е и Претседател на Комисијата за земјоделство и шумарство на СДСМ, вели дека се одвоени средства за пошумување, но немаше детали за шумата во Кондово и додаде дека утре ќе може да каже нешто повеќе.

Но, освен пожарот кој ги уништува шумите во нашата земја, според статистичките податоци од 2001 до 2019 година од дивата сеча, според веб страницата Global Forestwatch, во Македонија се уништени над 38 илјади хектари шуми.