5-годишна Дина ја скрати косата за децата болни од рак, среќна е што ќе може да ја врати насмевката на нејзин врсник

НАЈНОВИ ВЕСТИ


„Многу сум среќна што имам нова фризура“, вели 5 годишната Дина.Ова мало девојче пред неколку дена ја скрати својата долга руса коса за да ја донира за изработка на перики за деца болни од рак. Не жали за тоа затоа бидејќи , како што вели косата пак ќе и порасне, а децата болни ќе се радуваат.

„До каде ти беше долга косата?
„До тука“.
Каде ја донираше твојата коса?
За децата што се болни?
Дали ти беше жал што ја скрати косата?
Не. Зошто?
Затоа што сакам да помогнам на дечиња.
Мојата коса ќе порасне пак.

Нејзината мајка Селма Хаџиќ вели дека децата од мали нозе треба да се учат на хуманост.

„Сакав Дина да го научи уште од мала. Косата многу ја сакаше но треба да научи да дели со другите особено тогаш кога и е многу драго и важно, но сепак како на другиот му е поважно треба да го сподели на тој кој што му е потребно, тоа што и на неа и е важно“, рече Хаџиќ.

Селма вели дека со нејзината иницијатива мотивирала и други родители да им покажат на нивните деца за да им се помогне и на другите деца .

„Се надевам дека ќе мотивираме и ќе бидеме потик за многу родители многу дечиња да ја скратат својата коса и да ја донираат таму каде што е потребно. Одзивот е многу голем, многу мајки ми пишуваат искрено се радувам и се надевам дека ќе мотивираме уште многу деца и многу родители“, изјави мајката Селма.

Но за да ја донирате косата треба да исполите неколку услови:
Да е долга најмалку 30 сантиметри,
Мора да е природна , а не фарбана.
Да е уредено исплетена во плетенка со ластици.

Доколку ги исполните условите косата треба да ја испратите во пошта во една организација во Холандија „Haarwensen“.По 10-тина дека ќе добиете повратен одговор дека вашата коса е донирана.